Дома Фудбал Репрезентации Пакета го одведе Бразил во финалето на Копа Америка 🎥

Пакета го одведе Бразил во финалето на Копа Америка 🎥

Репрезентацијата на Бразил вчера победи со 1:0 во полуфиналето на Копа Америка и обезбеди пласман во финалето.

Првата голема шанса Бразил ја имаше уште во осмата минута кога во центарот на вниманието беше Нејмар. Тој се најде во одлична прилика, но на крајот шутираше покрај десната статива од голот на Перу.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Само десет минути подоцна Нејмар повторно се закани. Од пет метри беше сам пред голманот на Перу кој повторно одлично го одбрани неговиот удар. Топката се одби до Ричарлисон, но Галесе и тоа успеа да го одбрани.

Сепак, во 35. минута Бразил имаше шанса да дојде до предност. Нејмар овој пат беше асистент и одлично го пронајде Пакета кој погоди за 1:0 и ги доведе „Кариоките“ во водство. Треба да се спомене дека Нејмар претходно со фантастичен дриблинг исфрли двајца играчи на Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим има „џокер“ и нов план – добива трио од 200 милиони евра за страшен напад на Јунајтед?!

Манчестер Јунајтед сè уште е во потрага по идеалниот напаѓач, кој ќе биде силно засилување…