Дома Останати Падна уште една ѕвезда на US Open: Шарапова елиминирана од Севастова

Падна уште една ѕвезда на US Open: Шарапова елиминирана од Севастова

Анастасија Севастова (27) по втопат во низа ќе игра четврт-финале на US Open. Летонската тенисерка, која во Њујорк е рангирана како 16 носителка, а на ВТА листата е на 146 место, во четвртото коло ја порази Марија Шарапова со 5:7, 6:4, 6:2. Нејзина наредна противничка ќе биде Американката Слоун Стивенс која, пак, во три сета ја елиминира Јулија Гергес со 6:3, 3:6, 6:1.

Шарапова овојпат нагази на мина на Флешинг Медоу. Летонката од Лиепаја одигра брилијантен тенис и заслужено се проби меѓу најдобрите осум на турнирот. Почна нервозно, но како одминуваше мечот го наоѓаше мирот што не успеа да ѝ наруши Русинката со тајм аут за тоалет во третиот сет. Одбрани три меч топки, бекхендот за спас и на четвртата заврши во аут и по два часа и 16 минути мораше да и подаде рака на Севастова.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Севастова искористи пет од шесте брејк прилики за разлика од Шарапова која имаше половичен ефект (3/6). Русинката освои 42 директни поена, а Севастова двојно помалку (21), но најголемата разлика отпаѓа во графата од статистиката насловена како неизнудени грешки. Летонката направи само 14 додека Шарапова дури 51 што е една од клучните причини за конечниот исход, се разбира, заедно со одличниот перформанс на 27 годишната тенисерка од Балтикот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тешки сцени на Вимблдон. Димитров не можеше да му ја пружи раката на Синер поради болка

Јаник Синер стана последниот четвртфиналист на машкиот дел од турнирот на Вимблдон откако …