Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул и Борнмут постигнале договор за трансфер на Доминик Соланке.
21-годишниот Англичанец важи за еден од најголемите таленти на Островот, но оваа сезона не можеше да се избори со големата конкуренција на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот сакаше да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а најсилен интерес за него покажа Борнумт.
„Скај Спорт“ пренесува дека двата клуба постигнале договор за перманентен трансфер, а „црвените“ за Соланке ќе добијат 19 милиони фунти.
Двата клуба постигнаа договор и за позајмица на Натаниел Клајн, кој ќе се пресели во Борнмут како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.
BREAKING: @afcbournemouth sign Dominic Solanke from @LFC. #SSN pic.twitter.com/xOHHH3khzl
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 4, 2019