Дома Фудбал Шампионот на колена на „Виталити“: Борнмут го расплака Ливерпул (Видео)

Шампионот на колена на „Виталити“: Борнмут го расплака Ливерпул (Видео)

Борнмут приреди големо изненадување во 23. коло од Премиер лигата, совладувајќи го актуелниот шампион Ливерпул со 3-2 на стадионот „Виталити“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Домашниот тим влезе агресивно и без респект кон фаворитот, па уште во раната фаза ја стекна предноста со головите на Еванилсон и Алехандро Хименез за водство од 2-0. Ливерпул успеа да се врати во игра пред паузата, кога Вирџил ван Дајк ја намали разликата на 2-1.

Во второто полувреме „црвените“ целосно ја презедоа иницијативата и постојано вршеа притисок кон голот на Ѓорѓе Петровиќ, а упорноста им се исплатеше во 80. минута, кога Доминик Собослаи израмни на 2-2.

Сепак, Борнмут не се откажа и до самиот крај создаваше опасни ситуации. По неколку пропуштени шанси, наградата стигна во судиското продолжение – во 95. минута Амин Адли најдобро се снајде по корнер и го постигна победничкиот гол за огромна радост на домашната публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед добива еден од најдобрите во Премиер лигата, но мора да плати 85 милиони евра

Вест Хем е подготвен да го продаде Матеус Фернандеш во текот на летниот преоден рок, но са…