Дома Фудбал Германија Павар во одбрана на Ковач: Тој не беше на теренот

Павар во одбрана на Ковач: Тој не беше на теренот

Нико Ковач е веќе поранешен тренер на Баерн, а додека Баварците бараат негова замена, во медиумите се шпекулира за причините кои донесоа до раскин на соработката со хрватскиот стратег.

Резултатите не беа најдобри, не беше најдобра ниту играта на Баерн оваа сезона, но медиумите од Германија како еден од главните проблеми го наведе лошиот однос на Ковач со играчите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, Бенжамин Павар, дефанзивецот на Баерн, ги демантираше тие наводи и се обиде да го одбрани сега веќе поранешниот тренер.

„Имавме добар однос со тренерот.“ – истакна Павар за Л’Екип, па го прокоментира заминувањето на Ковач:

„Тој не беше на теренот. Ние играчите имаме своја одговорност, но кога постигнете лоши резултати секогаш тренерот е тој кој мора да замине.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…