Tимот на Њукасл за наредната сезона се засили со голман.
Во редовите на Њукасл пристигна англискииот репрезентативец, Ник Поуп. Поуп доаѓа од редовите на Барнли, тим кој не успеа да го задржи премиерлигашкиот статус во изминатата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поуп беше една од ретките светли точки во оваа екипа. Деталите официјално не се објавени, меѓутоа низ островските медиуми се шпекулира дека станува збор за сума од 10 милиони евра.
„Со нетрпение чекам да започнам со тренинзи и натпревари за Њукасл. Преговорите помеѓу двете страни траеа неколку недели и пресреќен сум што се договорија сите детали“, изјави Поуп по потписот на договорот.
👋 Introducing our newest recruit…
— Newcastle United FC (@NUFC) June 23, 2022
Welcome, Nick Pope! ⚫️⚪️ pic.twitter.com/KE6411SMtU