Дома Фудбал Англија Официјално: Њукасл има нови газди со богатство од 320 милијарди фунти!

Официјално: Њукасл има нови газди со богатство од 320 милијарди фунти!

Aнглиската Премиер лигата потврди денес дека Њукасл има нови сопственици.

Саудискиот конзорциум го купи тимот на Сент Џејмс Парк од Мајк Ешли после долгите преговори и сега Њукасл е еден од најбогатите клубови во светот. Инвестициониот фонд од Саудиска Арабија ќе има 80% сопственост од акциите на клубот, а прв човек ќе биде принцот Мохамед Бин Салман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Горди сме што станавме нови сопственици на Њукасл, еден од најславнит англиски клубови. Им, благодариме на навивачите за поддршката. Во наредните години ќе работиме заедно за да го подобриме тимот“, стои во соопштението.

Богатството на новите сопственици на Њукасл се проценува на 320 милијарди фунти и Њукасл во иднина сигурно ќе може да смета на големи засилувања. Тие ќе ги имаат најбогатите сопственици на еден фудбалски клуб во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ објави важни информации за сите навивачи кои ќе бидат во Данска: Ова треба да го знаете!

За сите навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација кои ќе присуствува…