Oд вчера македонскиот репрезентативец Јани Атанасов и официјално е нов фудбалер на Краковија од Полска со која потпиша договор на три години.




Во редовите на Краковија Атанасов пристигнува од Хајдук на шест месеци пред истекот на договорот. Хрватските медиуми пренесуваат дека трансферот ќе изнесува 300.000 евра.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Договорот кој го потпиша со Краковија важи до јуни 2026 година.




Атанасов е поранешен младински репрезентативец, додека минатата година влезе во сениорската репрезентација на Македонија.