Синот на легендарниот Михаел Шумахер не се прослави во болидот на Хас и го загуби местото во Формула 1, но сепак ќе остане во Формула 1 како резервен возач во Мерцедес.
Мик Шумахер потпиша договор со Мерцедес и ќе биде резервен возач на Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мерцедес претходно беше заинтересиран за Даниел Рикардо, но кога тој потпиша за Ред Бул, Шумахер доби своја шанса.
„Мик е интелигентен и млад човек. Во минатото имаше многу успеси, веруваме дека можеме да му помогнеме да напредува. Мислам дека заслужува место во Ф1, ќе видиме што ќе се случува“, изјави првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.