Она што се најавуваше некое време во македонската фудбалска јавност денес доби официјалната потврда.
Македонскиот шампион Шкендија на својата официјална страна потврди дека Висар Муслиу се сели во МОЛ Фехервар.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Шкендија го потврди трансферот, меѓутоа засега не се открива износот за кој еден од најдобрите дефанзивци во македонското првенство ќе се пресели во Унгарија.
Муслиу во Шкендија помина година ипол и за тој период освои три трофеи. Претходно тој го носеше дресот на Вардар.
