Голманот на Интер, Самир Хандановиќ денес и официјално стави потпис на нов договор и се обврза на верност до 2021 година.
Хандановиќ е во Интер од 2012 година и сигурно е еден од најдобрите голмани во Серија А, па со новиот договор најверојатно до крајот на кариерата ќе остане на „Џузепе Меаца“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Интер со задоволство може да потврди дека го продолжува договорот со Самир Хандановиќ до 30. јуни 2021 година“, се вели во соопштението.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, според новиот договор, Хандановиќ ќе заработува три милиони евра по сезона, а доколку го одработи договорот до крај, ќе стане еден од голманите со најдолг стаж во богатата голманска историја која што ја има Интер.