Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација Тодор Тодоровски е нов фудбалер на Сумгаит од Азарбејџан.




23-годишниот Тодоровски летово се раздели со Серед и беше во потрага по нов клуб. Имаше неколку понуди од други клубови, но на крајот се реши да продолжи во првенството на Азербејџан.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сумгаит и е познат на македонската јавност од двомечот со Шкендија во евроквалификациите во 2020 година, станува збор за еден од најдобрите клубови во Азербејџан.




Во кариерата Тодоровски го носеше дресот на: Раднички Ниш, Осијек (втор тим), Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф и 11-ти Октомври.