Дома Фудбал Италија ОФИЦИЈАЛНО: Сусо останува со „Росонерите“, потпишан нов договор

ОФИЦИЈАЛНО: Сусо останува со „Росонерите“, потпишан нов договор

Милан преку својата официјална страна објави дека е продолжена соработката со шпанскиот играч за врска, Сусо.

Сусо, кој од ова лето се поврзуваше со заминување од „Сан Сиро“, со „Росонерите“ потпиша нов договор со јуни 2022. година.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Долго чекавме на овој ден. Новиот договор е потпишан и тоа сега е официјално. Сусо беше еден од нашите најдобри играчи во изминатата сезона и ова е фантастична вест за сите наши навивачи“, беше наведено на официјалниот сајт на Милан.

Финансиските детали околу новиот договор на Сусо се уште не се познати, но нема сомнеж дека офанзивецот ќе добие пристојно покачување, а можеби во договорот е надградена и неговата откупна клаузула.

Сусо пред пристигнувањето во Милан настапуваше во дресот на Ливерпул, Алмерија и Кадиз, а една година мина и на позајмица во редовите на Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Македонската репрезентација доживеа вистински фијаско на гостувањето во Велс, загубувајќи …