Дома Фудбал Останато Официјално: Роналдо суспендиран!

Официјално: Роналдо суспендиран!

Саудиската лига потврди дека Кристијано Роналдо е суспендиран на еден натпревар поради непримерниот гест кон навивачите на Ал Шабаб во претходното коло.

Ал Наср славеше победа против Ал Шабаб со 3:2, а по овој натпревар навивачите го провоцираа Роналдо со скандирање „Меси, Меси“. Денеска дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз во Саудиска Арабија го казни Роналдо со еден натпревар суспензија и 20.000 саудиски риали или околу 5.300 долари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо нема право на жалба, па така нема и простор за укинување на суспензијата. Во следниот натпревар Ал Наср игра против Ал Хазим и во него Роналдо нема да има право на настапо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што се случува со англиската ѕвезда пред СП? Руни: Чудно и тажно

ЛЕГЕНДАТА на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изрази жалење за ситуацијата на Фил Фоден од М…