Дома Останати Официјално: Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Официјално: Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Отвореното тениско првенство на Франција, „Ролан Гарос“ ќе се игра со присуство на публика.

Французите пред неколку дена најавија дека ќе има публика на терените, а сега тоа и официјално е потврдено. На „Ролан Гарос“ ќе има максимално 15.000 гледачи на ден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тие ќе бидат поделени во три зони и во секоја ќе има по 5.000 гледачи.

Публиката ќе може да присуствува на трите најголеми стадиони – Филип Шатрие, Сузан Ленгле и Симон Матје, а маските ќе бидат задолжителни.

„Ролан Гарос“ оваа година на програмата е од 28 септември до 11 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на денес објавената АТП листа. Ѓ…