Засилувањето на тимот на Вардар продолжи со ангажирањето на 21-годишниот кубански ракометар Хансер Микел Родригез. Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата. Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Родригез беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригес беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.
Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.
За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.
Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.
Кубанскиот играч е четвртото официјално засилување за клубот досега, и тој веќе напорно работи на тренинзите со останатите играчи под водство на тренерот Владо Недановски.
Извор: РК Вардар