Дома Топ вести Официјално: Најдобриот играч од Африканскиот куп на Нации е нов фудбалер на Милан

Официјално: Најдобриот играч од Африканскиот куп на Нации е нов фудбалер на Милан

Трансферот беше претходно договорен, но дури денес е официјализиран – Исмаел Бенасер е нов играч на Милан.

Бенасер беше најдобар фудбалер на овогодинешниот Африкански куп на Нации и на „Сан Сиро“ пристигнува за 16 милиони евра со бонуси.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој на 23-ти јули ги помина лекарските прегледи, но дури сега е официјално претставен. Во Милано Бенасер ќе заработуа 1.5 милион евра годишно за договор на пет години.

Милан со Бенасер преговараше уште пред да биде избран за најдобар играч на Африканскиот куп на Нации, а фудбалерот после одличниот турнир иако доби бројни понуди го одржа зборот и премина во Милан.

„Росонерите“ ова лето покрај Бенасер ги доведе, Раде Круниќ, Тео Ернандез, Рафаел Леао, наскоро потпис со Милан ќе стави и стоперот Дуарте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…