Oна што се шпекулираше сега е и официјално потврдено, Милан го обезбеди првиот потпис.
Станува збор за младиот напаѓач Натан Бернандеш Сораеш кој стана нов член на „росонерите“ и кој е вложување за иднината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бернандеш потпиша договор на две години и ќе се приклучи на младинскиот тим на Милан каде што стигнакако слободен играч.
Имено, овој напаѓач одби да потпише договор со Крузеиро каде што израсна, седум месеци беше без договор и сега пристигнува во италијанскиот гигант.
„Globo Esporte“ наведува дека се работи за талентиран напаѓач роден 2000 година, неговите агенти се согласија на условите на Италијанците, а агенцијата која го застапува ќе добие процент од евентуалната следна продажба доколку се развива како што се очекува.