Дома Фудбал Англија Официјално: Марсијал на „Олд Трафорд“ до 2024 година!

Официјално: Марсијал на „Олд Трафорд“ до 2024 година!

Ентони Марсијал денес и официјално стави крај на сите шпекулации и ја продолжи верноста кон „црвените ѓаволи“ до 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После неколку месечни преговори 23-годишниот Французин постигна договор со Манчестер Јунајтед, и денес официјално стави потпис на истиот.

Јунајтед неодамна ја активираше клаузулата за едногодишно продолжување на договорот, но „црвените ѓаволи“ сакаа долгорочно решение.

Со новиот договор Марсијал доби значително зголемување на платата и се обврза на верност до 2024 година.

„Го сакам овој клуб. Од денот кога пристигнав го чуствувам како семсјство. Ја чувствувам љубовта на фановите кои продолжуваат да ми даваат поддршка“, изјави Марсијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим со Милан му се одмазди на Јунајтед, формата на Фернандеш може да ги загрижи навивачите!

Во Вроцлав денеска од 16:45 часот се одигра пријателски натпревар помеѓу Манчестер Јунајте…