Дома Трансфер зона Официјално: Ловрен е нов играч на Зенит

Официјално: Ловрен е нов играч на Зенит

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Дејан Ловрен е нов играч на Зенит.

31-годишниот дефанзивец и минатото лето беше на излезна врата од „Енфилд“, но сепак реши да остане уште една година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Можеме да потврдиме дека Дејан Ловрен му се приклучи на тимот на Зенит. Сите во клубот му се благодарни на Дејан за неговиот професионализам и придонесот во последните години. Воедно, му посакуваме се најдобро во новиот предизвик во кариерата“, објавија од Ливерпул.

Според информациите на медиумите Зенит за неговиот потпис платил 11 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…