Иако се шпекулираше дека може да се пресели во Лацио, сепак хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен реши да ја продолжи кариерата во Лион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова за Ловрен е враќање во клубот каде ја доживеа својата фудбалска афирмација, од каде потоа се пресели во Премиер лигата.
33-годишниот дефанзивец одигра одлично на Мундијалот, па реши да го напушти Зенит шест месеци пред истекот на договорот.
Ловрен потпиша договор со францускиот клуб до 2025 година, а руските медиуми пренесуваат дека Зенит добил два милиони евра како обештетување.