Винсент Компани играчка легенда на Манчестер Сити, е новиот тренер на новиот второлигаш во Англија, Барнли, потврди официјалниот клупски сајт.
36-годишниот стратег му се приклучи на Барнли откако помина три години работејќи во неговиот град Андерлехт кој го презеде веднаш по завршувањето на кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барнли испадна од Премиер лигата во штотуку завршената сезона. Овој клуб заврши на 18. позиција со три бода помалку од Лидс во безбедната зона. Тренерот Шон Дајч си замина непосредно пред крајот на сезоната, но тоа не помогна клубот да избори опстанок.
Дајч во Барнли изгради статус на клупска легенда со неговиот досега добро препознатлив одбранбен стил на игра.
Компани за време на својата богата играчка кариера беше капитен на Манчестер Сити и на белгиската репрезентација која ја предводеше до бронзениот медал на Светското првенство во Русија. Во Сити пристигна во 2008 година како едно од првите засилувања во „катарската“ ера на клубот и за 11 години освои четири шампионски титули.