Легендарниот Карлос Тевез денеска беше назначен за нов тренер на аргентинскиот Росарио Централ.
Тевез минатото лето реши да ја заврши својата богата играчка кариера во дресот на Бока Јуниорс, а сега ja доби неговата прва тренерска работа. Росарио Централ е аргентински прволигаш, минатата сезона заврши на 16. место на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за еден од најстарите аргентински клубови, основан во 1889 година, кој беше четирикратен шампион на Аргентина.
Тевез во својата богата кариер освои многу трофеи настапувајќи за Бока, Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и кинескиот Шангај, останува да видиме дали ќе биде успешен во улогата на тренер.