Рома наскоро ќе добие нов стадион!
Градот Рим даде зелено светло за почеток на изградбата на новиот стадион, откако нивното исто барање минатата година беше одбиено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веруваме дека новиот проект ќе оживее еден запуштен дел на градот и изградбата на стадионот е добра одлука. Кога во прашање е градот, изградбата може да започне веднаш. Сметаме
дека новиот стадион и инфраструктурата која ќе биде изградена ќе го подобрат животот на граѓаните“, изјави градоначалничката на Рим, Вирџина Раги.
„Стадио дела Рома“ како што ќе се вика стадионот ќе може да прими 52.500 гледачи, а за неговата изградба би требало да бидат потрошени околу 300 милиони евра.
Рома најави дека со изградба ќе се започне оваа година и се очекува спектакуларниот стадион да биде готов за сезоната 2020/2021 година.
STADIO DELLA ROMA | ?️ | Councillor: 'Everyone has expressed positive opinions on the project'
➡️ https://t.co/hTx465FQJw pic.twitter.com/8p0wMF4K1h
— AS Roma English (@ASRomaEN) November 24, 2017