Дома Останати Официјално: Вајлдер се враќа во рингот, познато кога и против кого

Официјално: Вајлдер се враќа во рингот, познато кога и против кого

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Деонтај Вајлдер се враќа во рингот после пауза од една година и поразот од Тајсон Фјури.

Потврдено е дека Вајлдер ќе се бори против Роберт Хелениус и тоа на 15. октомври. Борбата ќе се одржи во Бруклин и сигурно дека мотивацијата кај поранешниот шампион да се врати со победа е огромна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Повеќе пати размислував дали да се вратам, одлуката за враќање ја донесов затоа што видов дека луѓето ме сакаат. Мојата работа во рингот не е завршена“, порача Вајлдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…