Дома Останати Авто Мото Откриени непознати фотографии од Шумахер: Навивачите изненадени – на нив е и Верстапен! 📸

Откриени непознати фотографии од Шумахер: Навивачите изненадени – на нив е и Верстапен! 📸

Легендарниот Михаел Шумахер како што е познато имаше тешка несреќа на скијање во 2013 година, а оттогаш многу малку се знае за неговото здравје.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Семејството го држи далеку од очите на јавноста и контакт со Михаел имаат само неколку блиски личности.

Меѓутоа, во епизодите на документарната серија на Нетфликс “Drive to Survive“, која детално опишува и открива непознати детали од животот на сегашните и поранешните возачи на Формула 1 објавени се досега невидени фотографии од Шумахер.

Германецот се појавува во епизода во која е неговиот син Мик. Тука е и актуелниот светски шампион Макс Верстапен кој како мало момче седи во скутот на славниот Германец.

Макс е син на легендарниот возач Јос Верстапен, кој беше близок пријател со Шумахер. па затоа и не е толку чудно што Верстапен имал прилика да се запознае со Шумахер уште во најраната возраст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…