
Еминентниот германски весник „Кикер“ ги откри имињата на тројцата фудбалери на Баерн Минхен кои го „минираат“ тренерот Нико Ковач.
Баерн оваа сезона игра под очекувањата, а атмосферата во клубот не е најдобра. Меѓутоа, и покрај многуте шпекулации раководството на клубот се уште стои позади тренерот Ковач.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Кикер“ ги објави имињата на тројцата фудбалери кои го „минираат“ хрватскиот тренер, а станува збор за Хамес Родригез, Матс Хумелс и Сандро Вагнер.
Овие тројца се обидуваат да ја свртат целата соблекувална против Ковач, а особено тоа се однесува на Хамес кој е во лошо односи со тренерот. Колумбиецот е лут бидејќи тренерот јавно го критикуваше дека е спор.
Меѓутоа, хрватскиот стратег се уште ја има довербата на клубот, но доколку резултатите во Бундеслигата не се поправат може наскоро да стане „бивши“.