Матијас де Лихт важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, а во 2019 година Јувентус за неговиот потпис плати 75 милиони евра.
22-годишниот стопер потпиша договор со „старата дама“ до 2024 година, а откриено е дека во него има откупна клаузула од 150 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент Мино Раиола изјави дека Де Лихт на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.
Сепак, „бјанконерите“ нема лесно да се откажат од 22-годишниот дефанзивец бидејќи Бонучи и Киелини се на залез на кариерата.
Раководството на Јувентус му порачало на агентот дека клубот кој го сака Холанѓанецот ќе мора да ја плати неговата откупна клаузула.