Дома Фудбал Италија Откриени детали: Зошто Малдини го напушти Милан?

Откриени детали: Зошто Малдини го напушти Милан?

Паоло Малдини изненадувачки го напушти Милан во текот на вчерашниот ден, а во медиумите се шпекулира што се случувало и зошто легендата одеднаш си замина.

Она што е познато е дека Малдини и сопственикот Гери Кардинале прво имале конфликт, за потоа да заклучат дека не можат да соработуваат. Со Малдини замина и директорот Месара, наводно една од причините е буџетот од само 50 милиони евра кој им го обезбедил Кардинале. Според директорскиот тандем тоа е премалку за летниот преоден рок.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, тоа не било единствениот проблем. Наводно Кардинале му замерил на Малдини за промашувањата во минатиот преоден рок, најмногу за Ориги и Де Кетелар.

„Калчомеркато“ пишува дека Малдини го сметал Пиоли како одговорен за лошите резултати во првенството иако на крајот Милан сепак обезбеди место во ЛШ (поради казната од 10 бода на Јувентус). Малдини сметал дека е потребна промена на клупата, истото не го мислел и Кардинале, па затоа се разделиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…