Дома Актуелно „Отидов во Галата бидејќи знаев дека ќе освојам повеќе титули отколу во Ливерпул“

„Отидов во Галата бидејќи знаев дека ќе освојам повеќе титули отколу во Ливерпул“

Холандскиот фудбалер Весли Снајдер со успех го носеше дресот на Интер, но ги изненади сите кога во 2013. година одлучи да го напушти клубот и кариерата да ја продолжи во дресот на Галатасарај.

Тогаш Снајдер имаше 28 години и сигурно беше на врвот во својата кариера што беше уште една причина зошто токму тогаш избра да замине во Турција. Поранешниот играч на Реал Мадрид имаше многу понуди, а најголем интерес за него тогаш покажуваше Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Снајдер денеска игра во Катар за Ал Гарафа, во која стигна на почетокот од оваа година од Ница, а во Галата помина четири добри години. Снајдер се присети на 2013. година кога го напушти Интер и одлучи конечно да објасни зошто пред Ливерпул ја избра Галатасарај.

„Многу клубови ме бараа кога одлучив да го напуштам Интер. Ливерпул покажа најголем интерес и знам дека луѓето беа шокирани кога ја избрав Галатасарај. Зошто Галата, а не Црвените? Во себе имам победнички менталитет и играм за титули. Отидов таму бидејќи знаев дека ќе освојам повеќе титули отколку во Ливерпул. После се видов дека добро постапив.“ – изјави Снајдер.

Холанганецот во Галата отиде за 7.5 милиони евра и веднаш освои титула првак на Турција. Ливерпул таа сезона беше на седмото место во Премиер лигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…