Mислав Оршиќ се најде во центарот на вниманието после одличниот настап против Тотенхем во Лигата на Европа.
Динамо со 3:0 го победи Тотенхем и така ја анулираше негативата од првиот натпревар (0:2). На негова адреса по тој дуел пристигнуваа разни понуди, најголем дел се од Италија. Неговиот агент и потврди дека води преговори со италијански клубови, сепак сега добиле и понуда од Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за Арсенал, кој според пишувањата на „Сан“ покажал интерес за негов ангажман.
Вилијан наскоро полни 33 години, а за неговиот учинок на „Емирати“ и не треба многу да се зборува. Скапо платениот Николас Пепе исто така не е на нивото на кое се очекуваше да биде.
Не се споменува сумата која Арсенал би можел да ја понуди, но Динамо сигурно ќе сака добро да го наплати трансферот.