Златната топка неодамна ја доби Лионел Меси, а тоа предизвика големи реакции во јавноста затоа што многумина сметаат дека наградата требаше да заврши во рацете на Роберт Левандовски.
Левандовски дефинитивно беше најдобар во 2020 година, но тогаш церемонијата не се одржа поради пандемијата, продолжи да биде одличен и во 2021, сепак на крајот признанието заврши кај Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уредникот на „Франс Гудбал“ Паскал Фере доби прашање од новинарите дали Левандовски би можел да ја добие Златната топка за 2020 една година подоцна.
„Не знам, не можеме да брзаме со таква одлука. Може да размислиме, па да одлуќиме. Како да бидеме сигурни дека лани Левандовски ќе ја добиеше наградата?“, изјави Фере.