Во Торино го очекуваат Холанѓанецот да се појави на медициски прегледи во среда.
Ако им веруваме на медиумите Јувентус е извесен победник во маратонската трка за потписот на капитенот на Ајакс. И покрај тоа што првата понуда од страна на Ајакс беше одбиена, Јувентус се уште е фаворит. Тие 55 милиони евра плус 10 како бонуси не ја задоволија управата на холандскиот клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Торински „Тутоспорт“ денес пренесува дека Јувентус во целата операција сака да го вклучи Моис Кин. Оваа вест во Италија се пренесува како поголемо изненадување, но можеби и не е толку неочекувано после доаѓањето на Маурицио Сари кој не сака да се откаже од Паоло Дибала од кого сака да го извлече максимумот. Не треба да се заборави и дека Ајакс покажуваше интерес и го следеше Кин подолго време.
Во Торино очекуваат Кин да биде клучниот фактор за да се убеди Ајакс. Во Јувентус според информации сакаат работата да ја завршат до среда и тогаш Де Лихт да се појави на медицински прегледи (кога клубот ги започнува припремите).
Раиола исто така треба да биде важен во оваа зделка. Контроверзниот агент ги застапува Кин и Де Лихт. Не се исклучува и можноста трансферот на Кин да биде одвоен од оној на Де Лихт, тоа значи дека „бјанконерите“ ќе треба да ги исполнат финансиските барања на Ајакс.
Кога е Кин во прашање Јувентус бара клазула според која ќе има предност во однос на другите клубови ако се одлучи да го врати Кин за одреден период.