Дома Фудбал Останато Она што беше Максим Цигалко на „Фудбал Менаџер“ тоа е Ерлинг Халанд во реалноста

Она што беше Максим Цигалко на „Фудбал Менаџер“ тоа е Ерлинг Халанд во реалноста

Toчно на Божиќ минатата година почина Максим Цигалко, поранешниот белоруски напаѓач кој немаше некоја голема фудбалска кариера, но беше икона на фудбалската симулација „Фудбал Менаџер“.

Во оваа фудбалска симулација Цигалко со само 18 години правеше чуда на терените и им помагаше на играчите освојуваат титули. Бројот на голови кои ги постигнуваше во тој период изгледаше дека е невозможно да бидат пресликани во реалниот фудбал. Сепак, 20 години подоцна со примерот на Ерлинг Халанд се покажува дека луѓето во „Фудбал Менаџер“ биле „видовити“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Цигалко во реалноста играше само во белоруската, ерменската и казахстанската лиги, а во кариерата постигна и еден гол за репрезентацијата (на пријателски натпревар против Узбекистан). Од друга страна на „Фудбал Менаџер“ со само 18 години гарантираше 40-50 голови по сезона, нешто што претходно во реалноста не се случуваше. Поради таквите предизпозиции тој стана вистинска легенда на оваа игра.

Халанд пред само половина година престана да биде тинејџер, но ккомбинацијата на разорност, сила и завршница е нешто што ретко се гледа во тие години. Секогаш гледа кон голот и бара простор да прими топка, а потоа да асистира или да влезе во гол шанса, доволен му е мал простор за да биде опасен.

Вчера против Баерн, тим кој ја има една од најдобрите одбрани во светот излгедаше како голем голгетер пуштен помеѓу деца, Неговата игра не е премногу атрактивна и луцидна, но постои нешто спектакуларно. Застрачувачки е начинот на кој ги добива дуелите, десна нога, лева нога, глава, продор…За него нема никаков проблем се е исто.

Бројките се неверојатн и неверојатно слични на Максим Цигалко, секако на „Фудбал Менаџер“.

Ако продолжи во ваков ритам да постигнува голови, на 24 години ќе стане најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Норвешка. Левандовски за 11 ипол години во Бундеслигата постигна 267 голови, Халанд тој учинок би можел да го достигне во неговата осма сезона. Кристиано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. За 134 гола потребни му беа 175 натпревари во 18 сезони. Ако Халанд вака продолжи до тој учинок ќе стигне со 93 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …