Дома Фудбал Англија Озил открива како му пропаднал трансферот во Барса и зошто Мурињо го викал кукавица!

Озил открива како му пропаднал трансферот во Барса и зошто Мурињо го викал кукавица!

Месут Озил е уште еден фудбалер кој реши да објави автобиграфија, истата треба да излезе наредните денови, а медиумите веќе почнаа да објавуваат интересни детали од неа.

Месут Озил блесна на Мундијалот во Јужна Африка каде со Германија го освои третото место и летото доби понуди од многу европски гиганти, но тој лично преферирал трансфер во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Работата според мене беше завршена. Дојдов да се запознам со градот и клубот, но ми беше сомнително што го нема Гвардиола. Ми кажаа дека е на одмор. Дојдов уште еднаш и него пак го немаше. Очекував дека барем ќе ми испрати СМС порака, тогаш добив чувство дека тој не сака да играм за неговиот тим“, пишува Озил.

„Од друга страна Мурињо инсистираше да дојдам во Реал, ме убедуваше и на крајот се согласив. Исто така од него ја добив најголемата животна лекција“, истакнува Германецот, кој открива детали од расправиите со „Специјалниот“.

„Мурињо викаше, беше многу лут, ме праша дали мислам дека е во ред ако давам 50% од она што можам. Ми рече да одам да се истуширам, да бидам сам и да си ја местам фризурата како и секоја друга кукавица“, открива Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…