Дома Фудбал Репрезентации Од преговори за нов договор до можен отказ – Инзаги повеќе не е сигурен во Интер

Од преговори за нов договор до можен отказ – Инзаги повеќе не е сигурен во Интер

Интер како што влегува во завршницата од сезоната изгледа како да потклекнува во трката за титулата. Во италијанските медиуми после неколку лоши резултати на „нероаѕурите“ веќе почнува да се пишува за можна смена на Инзаги.

Интер не победи против Фиорентина и му дозволи на Милан да се одалечи на пет бода на врвот на табелата, а освен тоа и Јувентус е веднаш зад „нероаѕурите“ со само еден бод помалку, „старата дама“ има натпревар повеќе од тимот на Инзаги.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Оваа пауза за репрезентациите доаѓа веројатно во добар момент за Интер, а за две недели ќе му гостуваат токмуи на Јувентус, тоа ќе биде натпревар кој може многу да одлучи. Најавите на Италијанците се дека Инзаги дури може да биде отпуштен како Интер го изгуби ова дерби.

Се обвинува дека Интер останал без здив, а тој не успеал доволно да ги мотивира фудбалерите. Инзаги пред да дојдат лошите резултат преговараше за договор до 2025 година со плата од четири милиони евра, но тие преговори сега ќе почекаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Араухо се шегуваше со Јамал: Погледнете го, како да ја облекол јакната мојата ќерка (Видео)

По убедливата победа на Барселона над Борусија Дортмунд со резултат 4:0 во првиот натпрева…