Во спортот и фудбалот се појавуваат многу приказни за тоа како некој успеал иако имал големи проблем, еден од играчите со такви проблеми е Мартин Брајтвајт кој денес игра за Барселона.
Брајтвајт во Барселона пристигна во моменти кога преодниот рок беше затворен поради проблеми со напаѓачката позиција во каталонскиот клуб во тој период. Животот на Брајтвајт воопшто не бил лесен, но тој никогаш не се откажал од својот сон да стане професионален фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во интервју за „Си-Ен-Ен“ Брајтвајт се потсети на двете години кои ги поминал во инвалидска количка поради проблеми со развојот на колковите.
„Тоа беше навистина е еден тежок период. Ми беше срам што сум различен од другите деца. Но, во мојата глава имав замислено дека ќе станам фудбалер, не ми паѓаше ништо друго на памет. Знаев дека фудбалот е мојот живот“, изјави Брајтвајт.
Во инвалидска количка Брајтвајт бил од неговата петта до седмата година, на крајот излегол како победник од таа битка и станал тоа што е денес.