Баерн Минхен ова лето има намера да направи неколку промени во екипата.
Баварците одиграа неверојатен втор дел од сезоната после кој се закитија со титулите во Бундеслигата и Купот на Германија. Во август им следи завршницата во ЛШ, каде според многумина се први фаворити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тоа управата на клубот ќе направи неколку промени кога е во прашање играчкиот кадар. Како што пренесува реномираниот Кикер, Баварците ќе се разделат со петмина играчи и тоа: Чави Мартинез, Свен Улрајх, Иван Перишиќ, Алваро Одриозола и Фелипе Кутињо.
Последните тројца се на позајмици од Интер, Реал Мадрид и Барселона. Баварците не се задоволни ниту од еден и тие ќе бидат вратени назад.
Еден од играчите кој исто така може да замине е Тиаго Алкантара. 29-годишниот играч се поврзува со Ливерпул, но се претпоставува дека Црвените нема да купат играч кој има толку години и за кој Баерн бара 35 милиони евра.
Кикер наведува и тоа дека Баерн не завршиле со купување и до крајот на преодниот рок ќе бараат нов десен бек и играч за врска.