Фудбалерите на Ајакс изминатата вечер направија големо изненадување откако во осминафиналето го елиминираа актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Ајакс одигра еден фантастичен натпревар и успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар во Амстердам (1:2) со победа од 1:4 на „Бернабеу“. Така овој клуб за прв после 16 години ќе игра во едно четвртфинале од најелитното европско натпреварување (како изгледаше нивниот тим пред 16 години – тука).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е огромна радост за холандскиот претставник, па и денес луѓето во клубот се под импресии од вчерашната ноќ. Поради тоа Ајакс на својот официјален Твитер профил одлучи да исплати мала провокација до клубот од Мадрид.
Тие споделија фотографија од Инстаграм на која во позадина се гледаат бројките еден и четири алудирајќи на резултатот од вчерашниот натпревар.
Nice view! ?#UCL #reaaja https://t.co/muOg1nrSEl
— AFC Ajax (@AFCAjax) March 6, 2019
Тренерот на Ајакс после вчерашниот натпревар посака сите негови актуелни играчи да останат во клубот, но и самиот знае дека клубот ќе се соочи со суровата реалност.
„Сакаме да ги достигнеме нашите цели. Мораме да си поставиме една табела според која ќе напредуваме. Би сакал кога би можеле да ги задржиме сите играчи во клубот, меѓутоа тоа е само една фантазија“, изјави тренерот на клубот од Амстерам Ерик Тен Хаг.
Вечерва на програмата се нови осминафинални натпревари (Порто – Рома, Пари Сен Жермен – Манчестер Јунајтед).