Целиот фудбалски свет денес се воодушевува на она што го направи Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“. Ајакс на гостински терен го победи Реал Мадрид со 1:4 и го елиминираше клубот кој три години во низа ја освојуваше Лигата на шампионите.
Ова ќе биде прв пат после цели 16 години Ајакс да биде дел од едно четвртфинале во ова натпреварување. Последен пат играа во сезоната 2002/2003, тогаш беа елиминирани од Милан кој подоцна стана европски шампион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ајакс тогаш групната фаза ја заврши како второпласиран во групата Д зад Интер, а поминаа во нокаут фазата благодарение на подобриот меѓусебен дуел со Лион со кој имаше ист број на бодови.
Бидејќи тогаш Лигата на шампионите имаше друг формат, се играше нова група, осминафинале немаше. Ајакс стигна до четвртфиналето во група со Валенсија, Арсенал и Рома.
Меѓутоа во четвртфиналето Милан беше подобар. Ајакс пружи силен отпор, минути го делеа од пласман во следната, но тоа не се случи.
Првиот натпревар во Амстердам заврши без голови (0:0), а составот на холандскиот тим изгледаше вака:
Лобонт, Траблеси, Галашек, Киву, Ибрахимовиќ, Пиенар, Максвел, Пасанен, О’Брајан, Јакубу, Ван Дер Варт.
https://youtu.be/QgWtwYuZbNY
Шанса од клупата во овој натпревар добија Јари Литманен, Најџел Де Јонг и Весли Снајдер.
Ајакс во реваншот имаше резултат кој го води понатаму се до судиското продолжение. Меѓутоа победничкиот гол за Милан го постигна Џон Дал Томасон во 91-та минута.
Головите за Ајакс таа вечер ги постигнаа Литманен и Пинар, а за Милан покрај Томасон погодуваа Инзаги и Шевченко.
Составот на Ајакс од тој натпревар:
Лобонот, Траблеси, Ван Дер Мејде, Ибрахимовиц, Пиенард, Пасанен, О’Брајан, Јакубу, Ван Даме, Снајдер. Од клупата влегоа: Бергдолмо, Литманен и Де Јонг.