Македонија денес го игра натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Светското првенство, а после првите 45 минути селекторот Благоја Милевски сигурно може да биде задоволен.
Од самиот старт гледаме една офанзивна Македонија која игра и содава шанси. Прво се заканивме преку една полушанс на Чурлинов кој освои топка, но не успеа да го издржи дуелот до крај и пред петерецот ја изгуби топката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемата прилика ја имавме некаде кон средината на полувремето. Прво Велковски ја промаши топката од неколку метри во чиста позиција, за во продолжение од акцијата Трајковски да шутира покрај голот. Ристовски се закани на десетина минути пред крајот, но и неговиот удар заврши покрај голот.
Ерменците се што направиј беше преку контри и по наши грешки и изгубени топки. Но, за среќа одбранат и таа малку работа што ја имаше одлично ја заврши.
Фото: ФФМ