Mладинскиот напаѓач на Македонија Марио Илиевски пред два дена потпиша тригодишен договор со унгарскиот вицешампион Кишвардар и уште на стартот најави успешна епизода.
На денешниот прв натпревар Илиевски го постигна и деби голот со кој донесе победа. Во летните подготовки унгарскиот тим играше против Адмира Вакер од Австрија и овој натпревар го доби со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Илиевски победничкиот гол го постигна во второто полувреме во 71. минута од натпреварот. Ќе потсетиме во редовите на Кишвардар Илиевски дојде од екипата на Септември Софија, а потекнува од школата на Вардар.