Дома Фудбал Италија Одигра над 350 натпревари во италијанскиот фудбал, а сега стана – кошаркар!

Одигра над 350 натпревари во италијанскиот фудбал, а сега стана – кошаркар!

Приказната на Аргентинецот Родриго Паласио кој во италијанскиот фудбал одигра повеќе од 350 натпревари во периодот од 2009 до 2022 година кога ја заврши кариерата во Бреша е навистина интересна.

Паласио низ кариерата покрај Бреша настапуваше за Џенова, Интер и Болоња. Познат беше по својот имиџ и неговата плетенка. Откако ја заврши кариерата во 40-тата година од животот Паласио се сврте кон својата втора љубов, а тоа е кошарката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега сите ги изненади веста дека Паласио се придружи на четвртолигашката екипа Геренгана која се натпреварува во Серија Д.

На првиот кошаркарски натпревар Паласио не разочара и веќе се појави видео од тој натпревар на кое може да се види како Паласио влегува под кошот и поентира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…