Дома Фудбал Репрезентации Одиграа два натпревари без пораз, па плачеа пред камерите: Ова реми е за малата земја со големо срце

Одиграа два натпревари без пораз, па плачеа пред камерите: Ова реми е за малата земја со големо срце

За најголем дел од репрезентациите нормално е да се вразт неколку натпревари без пораз, додека за Сан Марино тоа еднакво на чудо.

Со вчерашното реми против Гибралтар (0:0) Сан Марино успеа да врзе два натпревари без пораз во Лигата на Нации.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После натпреварот некои играчи не успеаа да се воздржат и да не заплачат. Меѓу нив беше и Данте Роси.

„Ова за мене е сон. Не можам да зборувам. Моето семејство е среќно. Им благодарам на соиграчите и стручниот штаб. Ова реми е за малата земја која има големо срце. Се извинувам“…, изјави 33 годишниот дефанзивец.

Сан Марино долго време е помеѓу најлошите репрезентации и вообичаено служат како селекција за поправање на гол-разликата, но со Лигата на Нации си ги дочекаа своите пет минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сер Алекс Фергусон „има порака“ за Рубен Аморим што да прави со Гарначо по заканите за бојкот

Рубен Аморим би можел да се одлучи за некои многу остри тактики кои ги користеше сер Алекс…