ПСЖ вечерва можеби го игра натпреварот на сезоната на „Паркот на Принцовите“.
Францускиот вице-шампион пред домашните навивачи мора да надокнади резултат од 1:3, доколку сака да оди во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, а доколку разликата беше два гола во изминативе години клубовите во истата фаза од натпреварувањето можеа да ја надокнат само два пати. Меѓутоа, никогаш не беше екипа од калибарот на Реал, никогаш преку патот не беше двојниот актуелен шампион на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште полошо за ПСЖ е тоа што нема да игра Нејмар, рекордното засилување кое минатото лето го доведоа од Барселона за 222 милиони евра, а кој пред неклку дена го оперираше стопалото и ќе биде надвор од терените најмалку шест недели. Сепак, ПСЖ не е само Нејмар и без Бразилецот може да му направи многу проблеми на противнокот.
На теренот би требало да го замени Анхел Ди Мариа, играчот кој е во одлична форма и кој до крајот на минатата година во 17 натпревари постигна 14 гола. Аргентинецот во тој случај би можел да заигра на десната страна, додека на левото крило би можело да биде Килијан Мбапе. Мбапе преферира да игра на левата страна, но често беше ограничен во присуството на Нејмар на теренот. Во врвот на нападот сигурно има место за Едисон Кавани.
Меѓутоа, иако во понеделникот тренираше со соиграчите, можно е Мбапе да не биде спремен да заигра од првата минута. Младиот Французин има проблеми со повредата и поради тоа не играше викендот. Со Маркињос, и Пасторе е се уште под знак прашалник за настап во Лигата на Шампионите. Па како ПСЖ би изгледал и во случај Мбапе да не може да игра?
Неговото место би можело да го замени Дракслер, а постои опција и Даниел Алвес да оди на офанзивна улога на десната страна, додека местото стопер би го превзел Томас Муние. Ако Маркињос не е подготвен, ќе заигра и Тиаго Силва, кој првиот натрпевар остана на клупата.