Дома Фудбал Останато Ова се 100-те највредни фудбалери на светот: Нејмар на врвот!

Ова се 100-те највредни фудбалери на светот: Нејмар на врвот!

Традиционално на почетокот на секоја година Институтот за спортска статистика (ЦИЕС) ја објавува листата на највредни фудбалери на планетата гледајќи девет најважни параметри.

Меѓу останатите параметри најважни се годините, формата, репрезентативното искуство и должината на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и што се очекуваше, на врвот на листата е најскапиот фудбалер на сите времиња, Нејмар чија вредност е проценета на 213 милиони евра!

Веднаш после него следуваат Лео Меси со 202 милиони евра и Хари Кејн со 194,7 милиони евра. Анализата е помалку чудна најмногу поради фактот што Кристиано Роналдо се наоѓа на дури 49-то место и негивата вредност е проценета на „само“ 80,4 милиони евра.

Во Топ 10 се уште Килијан Мбапе со 192,5 милиони, потоа Пауло Дибала (174,6), Деле Али (171,3), Кевин де Брујн (167,8), Ромелу Лукаку (164,8), Антоан Гризман (150) и Пол Погба (147,5).

Видете ја листата на 100-те највредни фудбалери на светот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…