„Франс Фудбал“ кон крајот на оваа година ќе ја додели Златната топка за најдобар играч во светот за 2019 година.
Минатата година Златната топка ја освои Лука Модриќ што беше големо изннадување за сите, а хрватскиот репрезентативец така ја прекина десетгодишната доминација на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина веруваат дека „Франс Фудбал“ тоа го направи за да ја освежи фудбалската сцена, но за поголемиот дел од јавноста Модриќ беше погрешен избор.
Вчера „Франс Фудбал“ ги објави 30-те кандидати кои се во конкуренција за овогодинешната Златна топка и на таа листа не се најде Модриќ. Тоа е прв пат во историјата еден победник од минатата година да го нема помеѓу 30-те кандидати за наредната година.