Ако првенството во Италија не почне најдоцна до половината на јуни тогаш шампионот ќе се решава со плеј-оф, тврдат медиумите во Италија.
Во Италија е познато само дека ништо не се знае. Освен дека клубовите изгласаа враќање на првенството на 13. јуни, а Владата ги забрани спортските натпреварувања до 14. Нов состанок со министерот за спорт ќе имаат за шест дена и тогаш можеби работите ќе бидатп појасни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што мора да се реши е на кој начин ќе продолжи натпреварувањето. Гарвина порача дека сака Серија А да продолжи ако медицинските услови го дозволуваат тоа. Од друга страна „Република“ најавува плеј-оф за титулата во кој би учествувале шест тима.
Во полуфиналето автоматски би се пласирале Јувентус и Лацио, а за место во второто полуфинале би играле Интер против Наполи, односно Аталанта против Рома. Во полуфиналето Јувентус би одел на првиот пар, додека Лацио ќе го чека подобриот од натпреварот помеѓу Аталанта и Рома.
Слична формула би се искористила и во борбата за испаѓање.
Ако нема никакви услови за игра пласманот ќе биде одлучен на основа на просечниот број бодови, но тука останува отворено прашањето дали Јувентус ќе ја прифати таквата титула, веќе најавија дека ќе ја одбијат. Не е познато ни каков е ставот на клубовите кои треба да испаднат за таквата ситуација.