Дома Фудбал Лига на шампиони Ова не се случува често: Меси со големи пофалби за Роналдо!

Ова не се случува често: Меси со големи пофалби за Роналдо!

Одличниот Португалец Кристиано Роналдо во вторникот со хет-трик го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Роналдо беше незапирлив против Атлетико Мадрид и така уште еднаш ја покажа својата класа. Роналдо вчера добиваше пофалби од сите страни, меѓутоа после натпреварот помеѓу Барселона и Лион ја доби онаа која сигурно е од оние со поголемо значење.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, Роналдо доби пофалби од својот долгогодишен ривал во европскиот фудбал Лионел Меси.

Меси после натпреварот кој Барселона го доби со 5:1 беше сосема јасен.

„Навистина она што Роналдо го направи со Јувентус е импресивно. Мислев дека ќе им биде потешко против Атлетико, но Роналдо имаше волшебна ноќ. Во таа волшебна ноќ успеа да постигне хет-трик и да му обезбеди четвртфинале на својот тим“, изјави Меси.

Во петок е ждрепката за Лигата на шампионите, а топчињата би можеле да ги спојат Јувентус и Барселона, тоа би значело и дека ќе видиме нов судир помеѓу Меси и Роналдо.

„Ова е завршна фаза и ќе биде тешко кого и да извлечеме, сите тимови кои стигнале до тука мораат да имаат квалитет“, изјави Меси.

Барселона противникот во четвртфиналето каде што се уште Јувентус, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Порто, Ајакс, Ливерпул и Манчестер Сити ќе го дознае утре на ждрепката која е закажана за во 12:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…