Навистина, тоа е негова идеја, но постои и една препрека…
Можеби звучи како шега, но нема сомневање дека Берлускони тоа би го направил. Берлусокони го продаде Милан, но сега како што пренесуваат медиуми во Италија тој е загрижен бидејќи Кинезите немаат пари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој знае дека Милан има финансиски проблеми, а тој би можел да помогне.
Имено, Берлускони неодамна ја тужеше француската компанија „Вивенди“ која се повлече од купувањето на медиумската империја на Берлускони „Медијасет“. Сега Италијанецот бара оштета бидејќи договорот не испочитуван и пред судот бара Французите да му исплатат огромни три милијарди евра.
Како што пишуваат медиуми во Франција „Вивенди“ ќе се обиде да го избегне судењето бидејќи немаат големи надежи дека можат да се извлечат и ќе се обидат да се договорат надвор од судот и да платат пола милијарда долари.
Тоа практично би било поклон за Берлускони.
„Можеби ќе го купам Милан со парите од оштетата“, изјави „витезот“ кој клубот го продаде на Кинезите за сума од околу 750 милиони вклучувајќи ги и долговите кои изнесуваа околу 250 милиони евра.
Доколку клубот отиде во банкрот, бидејќи новите сопственици немаат пари да ја вратат позајмицата клубот би вредел помалку и Берлускони би го добил за помала сума од она што го продаде.